За нас

Дигит Компјутери е ИТ компанија со седиште во Штип, чијашто главна дејност е продажба и сервис на компјутери и периферни единици.

Основана во Јануари 2008 година, како специјализирана продавница за сите љубители на технологија, компанијата успешно ги проширува своите сервиси од печатарски услуги, до одржување и поправка на компјутерски делови, изведби на компјутерски мрежни решенија со највисоко ниво на безбедност и многу други услуги согласно барањата на задоволните клиенти.

Главен производ на компанијата Дигит Компјутери е DIGITSOFT софтверското решение. Софтверските пакети се наменети за сите специјализирани продавници, маркети, магацини, сметководствени бироа како и најновиот производ наменет за транспортни компании кои што сакаат да постигнат голем раст на пазарот за најкраток временски период. DIGITSOFT нуди можност на сите коишто сакаат да го унапредат својот бизнис со помош на технологија.

Следејќи ги потребите на пазарот, компанијата во 2016 година ја креира и својата прва онлајн продавница, правејќи уште еден чекор напред кон опслужување на клиентите низ територијата на Република Македонија. За нас, клиентот е секогаш на прво место. Дигит Компјутери е достапна во секое време за да обезбеди корисничка поддршка за Вашиот ИТ проблем. Не двоумете се – исконтактирате нè веднаш!