DigitSoft® POS

ШТО Е DigitSoft® POS
Системот овозможува работа со Фискални принтери и каси преку компјутер. Односно, наместо да се користат фискални каси (и многу тешко внесување на артикли, состојба и промена на цена и назив), сега сите активности се извршуваат преку програмата, што е повеќекратна заштеда на време.
Операторите преку програмата можат да "затворат сметки" со еден или повеќе видови исплати (Готовина, Картичка, Внатрешна картичка ...).
Системскиот администратор (сопственик, директор ...) може да добие e-mail (генериран од програмата) на крајот од работниот ден со износот на дневниот промет од сите продажни места.
ПРОДАВАЊЕ НА ПРАВНИ ЛИЦA
Операторот исто така може да креира сметки за правни лица (фактури) кои фискално се затвораат вирмански. Создадената сметка (фактура) автоматски влегува (ако сакате) во Трговската книга, а исто така го задолжува клиентот за износот на сметката (го зголемува долгот). Во случај да поседувате лиценца за финансиско сметководство (Главна книга и Благајна), оваа операција автоматски ја евидентира во Главната книга. Исто така може да се внесе и уплатата на клиентот.
МОЖНОСТИТЕ НА МАТЕРИЈАЛНОТО СМЕТКОВОДСТВО
Брзо креирање на лагер (збирн или по продажни единици), промет по артикли, материјална картикча за артикал, промет по добавувачи, најпродавани артикли, продажба од продавачи, месечни извештаи за продажба, периодични извештаи за продажба по група производи... Укрстувањето на извештаите е исто така возможно.
ПРЕСМЕТКА НА ДОБИВКА (BACK OFFICE)
Во деловната анализа, ние посветуваме посебно внимание не на приход туку на профит. Сите извештаи (по бренд, добавувач, комерцијалист, работник, возач, возило, група на стоки, кодови на стоки ...) прегледи за период или месечно, квартално, годишно... се пресметуваат од аспект на разликата во цената, а не само со гледна точка на приход (со или без ДДВ)
ВРСКА СО СМЕТКОВОДСТВО
Сите DigitSoft® програми работат на принципот на поврзување со Финансиските претпријатија. Така, преку креирање на сметка односно преку дневниот промет од една страна, и изработка на влезни документ од друга страна, може целосно да се автоматизира водењето на Главната книга во Вашето сметководството, како и Книгата за Влезни и Излезни Сметки (ЕТ). Вашето сметководство може по пат на интернет да биде директно поврзани со Вашите податоци.
ДЕКЛАРАЦИИ, КОМЕРЦИЈА И СИГУРНОСНИ КОПИИ НА БАЗА
Програмата може да генерира Ваши декларации/етикети, па со користење на Баркод читач продажбата значително се забрзува. Преку PDA и слични уреди, комерцијалистите може да направат on-line нарачка на стоки од локацијата на клиентот. Системот е конфигуриран автоматски да креира резервна копија на база на податоци во интервали што ги одредувате: дневно, неделно ...
РАБОТА ВО МРЕЖА
Режимот на мрежа е целосно поддржан и се препорачува за маркети со повеќе наплатни и сервисни точки. Нема ограничувања за бројот на компјутери, таблети, фискални и POS печатари.
ФУНКЦИОНАЛНОСТИ
POS BASICPOS STANDARD
POS PRO
Допонителни модули